Македонија оди на Детска Евровизија, МРТ го избра претставникот

by Fokus

На Детската Евровизија 2021, која ќе се одржи во Париз, Франција на 19-ти декември, Македонија ќе ја претставуваат група на деца од детскиот телевизиски серијал ,,Дајте музика”.

Од Јавниот радиодифузен сервис МРТ решиле да го искористат правото на интерна селекција и избор на претстaвник на оваа престижна манифестација, согласно со актуелната состојба од пандемијата на Ковид-19 и воведувањето на новите заштитни мерки и протоколи.

Информираат дека песната со која ќе се претстави нашата земја ќе биде избрана и промовирана во следните неколку месеци. На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто.

Минатото издание на Детска Евровизија се одржа Варшава, Полска, а победничка беше 11-годишната Валентина од Франција. Македонија лани го откажа учеството на настанот. Во 2019 година пак, не претстави Мила Москов од Прилеп и го освои шестото место.

Раде Спасовски, шеф на нашата делегација за Детска Евровизија, тогаш ни откри дека од буџетот биле одвоени околу 20.000 евра за настанот.

-Во таа сума е вклучено се. Котизацијата, билетите за сите шест лица кои бевме во Полска, сместување, гардероба, сценски настап, сите подготовки. Шпекулациите за суми од стотици илјади евра се неосновани, ние поминавме скромно, но сепак имавме успешно претставување на настанот-ни изјави тогаш Спасовски.

Вики Клинчарова

Поврзани новости