Македонија обезбеди 101 000 вакцини Модерна како поддршка од Хрватска

by Fokus

Министерот за здравство Беким Сали денеска информираше дека Северна Македонија добила донација од Хрватска од 101. 000 дози вакцини од компанијата Модерна.

-Ова е во рамки на континуираната помош од оваа земја за соодветно справување со пандемијата. Изразив огромна благодарност до амбасадорката на Хрватска,Нивес Тигањ на денешната средба на која разговаравме за предизвиците на нашите здравствени системи, како и можностите за продлабочување на соработката во здравството меѓу двете земји, информира Сали.

Поврзани новости