Македонија на петто место во Европа по смртност од загадувањето

by fokus

Годишно по 1 200 лица во просек умираат како последица од енормното загадување на воздухот. Со ваква стапка на смртност, Македонија се најде на петто место во Европа, според смртни случаи од честичките ПМ 10.

Аерозагадувањето е причина за зголемен број мозочни удари, срцеви заболувања и појава на рак.

Според статистичките податоци меѓу населението доминираат инфарктот на срцето и мозочниот удар, објаснува професорот Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје.

-Ако во светски рамки тоа е од 11 до 16 проценти како причина за вкупната смртност, во Макдонија овие две состојби се скоро дупло повќе причина за смртност –вели Ѓорѓев..

Во поголемите градови загадувањето секојдневно е неколкупати над дозволената граница и речиси и да нема безбедна зона, а најалармантно е во Скопје. Пред два дена мерната станица кај Ректорат измери 981 микрограм на еден кубен метар, што е речиси 20 пати повеќе од дозволените 50 микрограми.

Поврзани новости