426
Македонија и политичкиот договор што стави крај на политичката криза ќе бидат точка на Советот на ЕУ, на која еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан ќе поднесе извештај до Високата претставничка за надворешна и безбедносна политика Федерика Могерини и шефовите на дипломатиите на ЕУ.
– Македонија сега има прецизен патоказ што треба да се случува во наредните неколку месеци до изборите. До тогаш треба да бидат расчистени некои работи, да се имплементира договореното, а властите во ПЈРМ треба да ја повратат довербата. Тоа е примарна цел – изјави Хан.