Во септември ќе стартува судски процес за сообраќајката кај Католичка црква

by Фокус

На 30 септември на обвинителна клупа во Основниот суд Скопје 1 ќе седне 20-годишниот Џенис Мекиќ, кој  на 15 ноември во близина на Католичката црква го прегази и усмрти 16-годишниот Иван Белински. Според првичните информации, момчето било прегазено додека минувало на пешачки премин.

„На обвинетиот му се става на товар кривичното дело „ Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ од чл.300 ст.2 вв чл.297 ст.1 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението на судот.

На судското рочиште ќе треба да се утврдат сите детали за несреќата, како и да се посочи чиј бил џипот „фолксваген туарег“ кој критичната вечер го возел младиот возач, бидејќи истрагата потврди дека возилото не било негово, ниту пак на неговата фамилија.

 

 

Поврзани новости