Американскиот аналитичар, Јануш Бугајски, смета дека Скопје е новото руско упориште на Балканот како и дека Кремљ очекува дека Македонија ќе биде новата Република Српска.
-Ако биде блокиран македонскиот пат кон западните интеграции, националните тензии ќе растат во целиот регион. Кремљ ќе вложи дополнителна енергија ја ги загрози кревките демократски достигнувања на Западен Балкан, а ЕУ и НАТО се повеќе ќе се одалечуваат – вели американскиот аналитичар за црногорскиот весник „Победа“.
Според него ниската излезност на референдумот во Македонија го доведува во прашање Договорот со Грција, а и отворената врата кон НАТО и ЕУ.
-Ако договорот не биде поддржан земјата ќе биде се повеќе изложена кон етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање од страна на Москва. Единствен излез за Заев е повикувањето на предвремени избори во ноември, иако е тоа ризичен предлог бидејќи националистите се сега охрабрени поради бојкотот на референдумот – вели Бугајски.
Тој смета дека доколку Србија и Косово постигна договор за промена на границите, некои албански лидери во Косово и Македонија можат во тоа да видат шанса да етничка хомогенизација и поврзување на териториите.
-Национализмот и сеператизмот ќе ја направат државата подложна на влијанието од Русија. Москва во Македонија гледа свое упориште за борба против НАТО и ЕУ. Кремљ може да смета на тоа дека Македонија би можела да прерасне во нова Република Српска – додава тој.