Македонија се наоѓа на 17-тото место на листата најтоксични земји во светот. Ова се резултатите од новото истражување на „Eco Experts“, групација која прави истражувања на обновливи извори на енергија.
Во Европа, од Македонија потоксични се само Луксембург, Бугарија и Босна и Херцеговина.
Најтоксични земји во светот се Саудиска Арабија, по која следуваат Кувајт, Катар, Бахреин и Обединетите Арапски Емирати.
За изработка на мапата на најтоксични земји корисени се податоци од Меѓународната агенција за енергетика и Светската здравствена организација. Секоја од државите била рангирана според пет фактори: потрошувачка на енергија, емисии на јаглерод диоксид од согорување фосилни горива, аерозагадување, смртни случаи од аерозагадувањето и производство на обновлива енергија.