Инвестираме во инвеститори. Покрај тоа што сето ова е апсурдно само по себе, странските инвеститори во кои сме инвестирале 56 милиони евра учествуваат во БДП со неполн 1 %! 1% еј! Ако ви е за утеха, властодршците и нивните поддржувачи ќе речат – А ич?
На апсурдот да му го додадеме и фактот дека бројот на блокирани сметки на македонски фирми изнесува над 70 000, ќе дојдеме до целосна пародија.
Но, за да не излезе и полошо, еве нема да ги пресметуваме сите трошоци на државна сметка што екс премиерот ги направи со неговите фамозни роуд шоуа низ цел свет, за на крај тоа да се сведе и да не чини дополнителни 56 милиони државни пари за 7 донесени странски инвеститори.
А пази „богати“, едно отворено работно место кај тие инвеститори ја чини Македонија над 21 илјада евра. Работно место со плата од 9 до 12 000 денари месечно. Некогаш и нешто погоре, ако се знаеш или имаш некој од главните.
И што викате вие на сето ова? Во штаб ви рекоа дека сме лидери во регионот по странски инвестиции, а? Браво! А инаку ти кај работиш? Аааа.. не работиш, ама ти рекле дека прв си на список за вработување кај следните странски инвеститори, а? Супер. Со среќа. Него, ти падна нешто? А ништо ништо, не бил стандардот, тој одамна ти паднал, сега ти паднало само достоинството. Но добро е, тоа не е важно ако се уште го држиш да не падне списокот од граѓани што ти го дале од штаб за да ги поминеш сите од врата на врата и ги евидентираш. Ај здравје, ако не вработување, барем ти дале ветување. А ич?