Според Договорот за добрососедство со Бугарија, Македонија има право да ги штити правата на своите државјани на територија на Бугарија во согласност со меѓународното право.
„Секоја од Договорните страни има право да ги заштитува правата и интересите на своите државјани, на територијата на другата Договорна страна, во согласност со меѓународното право.“, стои во Договорот.
Наредниот член од договорот пак, вели дека Македонија нема да се меша во внатрешните работи на Бугарија со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.
„Република Македонија потврдува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, со цел заштита на статусот и правата на лица што не се државјани на Република Македонија.“, стои во Договорот.