Македонија ќе има прогрес со членство во НАТО и ЕУ, вели министерот Шапуриќ

by fokus

Министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашните компании Зоран Шапуриќ денеска оствари работна средба со Јасна Габриќ-членка на Советот на региони на ЕУ и претставник на заедничкиот конултативен комитет на Советот на региони за Република Македонија и Јохана Линдблом-заменик генерален секретар задолжена за институционални врски во Советот на Региони на ЕУ.

Министерот Шапуриќ, како што соопшти неговиот кабинет, ги запознал гостите со неговите активности за подршка на домашните претпријатија и посочи дека растот на БДП во вториот квартал од 3.1 отсто покажува дека македонската економија континуирано расте и дека домашните и странските компании како резултат на економската активност на Владата и стабилизираните политички процесе, се охрабрени да инвестираат во државата. Министерот напоменал дека очекува овој процент да продолжи да расте по успешен референдум на 30-ти септември.

Министерот ги запознал соговорниците со политичката состојба во Македонија и значајноста на престојниот референдум за евроатлантската иднина на Македонија. Напоменал дека очекува граѓаните да ја препознаат историската шанса која е пред нив и очекува значајно подобрување на деловната клима со влегувањето во НАТО и отварањето на пристапните преговори со ЕУ.

Поврзани новости