1K
Ракометната репрезентација на Македонија во последен момент доби покана за настап на Светсткото првенство во ракомет во Египет кое почнува утре. Поканата дојде денеска откако репрезентацијата на Чешка го откажа своето учество поради тоа што многу од играчите имаат корона вирус.
Поради корона вирусот квалификациите за Светското првенство не се доиграа и Македонија не доби покана за настап, но беше ставена како прва резерва доколку некоја од репрезентациите се откаже.
Македонија ќе биде во група во домаќинот Египет, со Шведска и со Чиле. Првенството го отвара со натпревар против Шведска на 14 јануари.