Усвоена програмата за задолжителна имунизација на населението во 2021 – 390 милиони денари за ковид вакцини

by fokus

Владата ја прифати Предлог-програмата на Министерството за здравство за задолжителна имунизација на населението во Северна Македонија за 2021 година во која е содржан план за обезбедување на годишни потреби на вакцини за задолжителна имунизација и вакцини по епидемиолошки индикациии.

– Во програмата се опфатени возрасните групи подложни за пoeдини вакцинации, видот на вакцини кои се даваат и начинот на давање, календарот за имунизација на деца од нула до 18 години и Календарот за „catch-up“ имунизација за нередовно вакцинираните деца од пет до 18 година, сопшти владината Прес-служба.

Вкупно одобрените финансиски средства за оваа програма изнесуваат 805 милиони денари од кои 415 милиони денари се наменети за обезбедување на потребните количества вакцини за континуирана вакцинација, минимум потребни резервни дози на вакцини и имуноглобулини по епидемиолошки индикации, а 390 милиони денари за набавка на КОВИД-19 вакцини.

Поврзани новости