400
Во рамки на состанокот на Јадранската повелба што денеска се одржа во Охрид, членките на А5 групата, Македонија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Хрватска потпишаа заедничка декларација.
Земјите се договорија да ја подобрат меѓусебната соработка и да го зголемат нивното заедничко учество во странски мировни мисии преку заеднички тимови.
Премиерот Зоран Заев од состанокот на Јадранската повелба изрази оптимизам дека Македонија ќе стане 30-тта членка на алијансата, а министерската за одбрана, Радмила Шеќеринска ја изрази подготвеноста на владата да ги реши сите отворени проблеми со соседите.