480
Македонската ракометна репрезентација има еден гол негатива по завршување на првото полувреме со Германија на Европското првенство во Загреб.
Резултатот е 12-11 во корист на европскиот шампион. Нивниот голман има осум интервенции.
Македонскиот селектор Раул Гонзалез на овој натпревар им дава повеќе шанса на младите ракометари. Во стартниот состав беа Филип Талески и Филип Кузмановски, а во игра влезе и Мартин Поповски.