861
Министерот за здравство, Беким Сали во вечерашното интервју на телевизија Канал 5 прво рече дека Македонија веќе е во преговори за набавка на лекот за Ковид „Паксловид“, но потоа прецизираше дека Министерството изразило иницијален интерес за пристапување во преговори за набавка.
-Веќе сме во преговори со производителот Фајзер за набавка на лекот Паксловид. Меѓутоа тоа е процес. Се додека ние чекаме да ни дојдат апчиња, истиот состав е во форма на вакцина. Исто ќе штити и вакцината и апчето. Не ми е јасно зошто не вакцина, а да апче. Не гледам некоја разлика.
Ние изразивме иницијален интерес дека сакаме да пристапиме во преговори за набавка. Не можеме да прецизираме кога би било тоа. Имаме вакцина и не треба да чекаме, рече Сали.