Министерот за здравство, Венко Филипче во вечерашното гостување на телевизија Канал 5 се осврна на медицинскиот кадар. Тој рече дека поголем предизвик е кадарот, отколку местото во болниците. Според него, во Скопје има 26 специјалисти по инфективна медицина, и уште толку низ другите градови низ Македонија.
-Има сосема доволен број на слободни слободни кревети во 8 Септември. Не се преполни ниту другите центри. Во тетовската болница има близу 100 слободни кревети, битолската е половина пополнета. Поголем предизвик од физичкото сместување е кадарот. На Инфективната клиника имаме 26 специјалсити по инфективна медицина. Знаејќи ја оваа состојба, уште на почетокот направивме ротација на кадарот со лекари од другите градови во земјата. Сите тие веќе ротираат и помагаат, во болниците во Скопје, тука е најголемиот удар. Низ целата држава имаме уште толку специјалисти по инфективна медицина, колку тие во Скопје. Тоа е една струка во која никогаш не се инвестирало како што треба, вели Филипче.