Македонија има 2 гола предност на полувреме со Украина

by Фокус

Фудбалската репрезентација на Македонија има двојна предност на полувремето во натпреварот против Украина (2-0), во рамките на третото коло на квалификациите за Европското првенство.

Првиот дел од средбата на Арената „Тодор Проески“ мина во знакот на нашиот национален тим, а добрата игра со голови ја крунисаа Барди од пенал и Елмас со мајсторија.

Селекторот Благоја Милевски, кој не беше на клупата поради суспензија, не можеше да смета на првиот избор во нападот, повредениот Бојан Миовски.

На самиот старт, уште во првата минута за гостинската селекција се обиде Миколенко од далечина. Македонија успеа да преземе иницијатива и да игра поактивно од Украинците. Гостите беа резервирани, а нашите фудбалери се обидуваа да го искористат тоа.

Во воведниот период главно се кружеше околу одбранбениот бедем на Украина. Иако во неколку наврати можеше да дојде до поопасна ситуација, два обиди имаше Трајковски кои беа блокирани, додека Барди шутна директно од слободен удар од голема далечина.

Следеше период кој во целост ѝ припадна на Македонија, се нижеа корнери и притисокот пред противничкиот гол се зголеми. Иницијативата вроди со плод, бидејќи Матвиенко играше со рака и ВАР собата го повика судијата Лукас Фандрич да гледа. Швајцарецот го потврди повикот и Македонија доби пенал, кој во гол за 1-0 во 31. минута го претвори Енис Барди.

Ниту по постигнатиот гол Македонија не отстапи од офанзивните претензии, продолжи да притиска, па следеа шансите на Трајковски и Барди. Течеше 39 минута кога Елмас доби топка од Ристовски, се намести и со мајсторски пласиран удар од 25 метри погоди во подалечниот агол од голот на Трубин за 2-0.

Поврзани новости