(ВИДЕО) Напад врз новинарска екипа на РТК, снимателот удиран со клоци

by Фокус

Снимателот на Радио-телевизија Косово, Бард Бектеши бил физички нападнат во Лепосавиќ од маскирани лица, при што му била скршена и камерата.

На видео што се шири на социјалните мрежи се гледа како група маскирани лица ги бркаат камерманот и новинарот на РТК.

Еден од напаѓачите во еден момент успева да ги стигне и да го турне на земја снимателот по што го удира со нозе по телото.

По нападот, од Управниот одбор и раководството на РТК рекоа дека снимките од нападот сведочат за невидено насилство врз новинарите.

Реакција има и од Здружението на новинари на Косово од каде ги повикуваат сите, почнувајќи од косовскиот премиер Албин Курти и другите релевантни фактори, да дадат се од себе за да овозможат безбедна средина за новинарите да ја вршат својата работа.

Поврзани новости