Македонија и официјално стана неслободна земја

by fokus 13:19
13:19

Македонија од групата на делумно слободни земји премина во групата на неслободни земји што се однесува до медиумите. Ова се резултатите од најновиот извештај на меѓународната организација „Фридом хаус“.

honduras

Како причини за падот во групата на неслободни земји, во извештајот се наведуваат „откривањето дека постои големо незаконско владино прислушување на новинарите, коруптивни врски меѓу функционери и сопственици на медиуми и зголемување на заканите и нападите врз медиумските работници“.

- Advertisements -

Во извештајот се објаснува дека медиумите во Македонија се длабоко поларизирани.

-Самоцензурата меѓу новинарите е вообичаена, пред сѐ поради притисокот од сопствениците на медиумите со особени бизнис или политички интереси и, од  неодамна,  поради загрженоста од прислушувањето. Новинарите се лошо платени и се соочуваат со закани и малтретирање кога се занимаваат со истражувачко новинарство или критичко пишување, стои во извештајот.

Поврзани новости