650
Според европската статистика, Косово има најниска минимална плата од земјите од Западен Балкан од 130 евра, а Македонија е на претпоследното место со најниска минимална плата за едно евро повисока од онаа на Косово, односно 131 евро. Тројката земји со најниски минимални плати се заокружува со Албанија, каде минималецот изнесува 149 евра.
Црна Гора со 193 евра и Босна и Херцеговина со 191 евро имаат највисоки минимални плати во регионот, а минималецот во Србија изнесува 174 евра.
Инаку, Македонија беше една од последните земји во регионот и во Европа која со закон ја утврди висината на минималната плата, која треба да го штити стандардот на работниците, но и нивните права.