495
Наредниот месец ќе се одржи првата средба меѓу македонската и грчката страна за усвојување на мерки за градење на доверба, најави грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас.
-Ние дадовме иницијален предлог за мерки за градење на доверба за кои ќе дискутираме во април. Со нив првично треба да се решат некои практични прашања кои потоа би создале подобра клима на доверба, што како краен чекор би ги помогнало, колку е можно, дискусиите кои се водат во ОН за името, изјави Коѕијас.
Тој рече дека Грција ја подготвила листата со мерки кои смета дека треба да се преземат и таа листа ќе и ја достави на Македонија. Една од првите мерки е отворање на граничен премин кај Преспа.