Македонија и Грција ќе реализираат 37 заеднички проекти во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка во износ од 36,2 милиони евра.
Тоа беше соопштено на Инфо денот за имплементаторите на проектите што се одржа денеска во хотелот „Сириус“ во Струмица.
Од вкупно предвидените средства за реализирање на проектите на Македонја ќе и припаднат 14 милиони евра, а ќе се имлементираат проекти од повеќе области значајни за граѓаните од двете страни на границата.
– Реализацијата на претходните прекугранични проекти ми дава за право да очекувам видливи резултати и од овој повик. Станува збор за проeкти кои носат отворање нови работни места, заедничко справување со ризици и катастрофи, подобрување на инфраструктурата, поквалитетни здравствени услуги во пограничните региони. Со заедничкото работење на овие проекти се зацврстува соработката помеѓу општините, граѓанскиот сектор, институциите од двете страни, рече Александрос Самарас, претставник на Управувачкиот орган од страна на Грција.
Проектите треба да се реализираат во наредните 18 месеци и да завршат во 2020 година.