335
Македонската фудбалска репрезентација губи со 1:0 на полувреме на натпреварот со Украина. Првото полувреме во Прага им припадна на Украинците.
Натпреварот се игра на стадионот на Спарта, а двете репрезентации влегоа со седум бода и со задолжителна победа.
Во првиот дел двете репрезентации имаа по две шанси. Столе Димитриевски во 12 минута брилијантно го одбрани ударот на Довбик.
Седум минути подоцна капитенот на Македонија излезе како победник и во дуелот со Мудрик.
Украинците поведоа во 30 минута со голот на Судаков. Ударот на Судаков на патот до голот го закачи Серафимов и топката заврши во голот.
Македонија одговори преку Миовски во 36. и Ашковски во 37.минута не успеаја да го совладаат Трубин.