Македонската фудбалска репрезентација напиша нова историја откако обезбеди пласман во мундијалскиот бараж за Светкото првенство во Катар догодина.
До тоа дојде по исцрпувачката и тешка битка со Исланд во „финалето“, победувајќи со 3-1 за запечатување на второто место во овие квалификации.
Момците на Благоја Милевски први го отворија резултатот, многу рано на натпреварот, откако во 7-та минута Алиоски феноменално стрелаше по неверојатната асистенција од Трајковски. Нашата репрезентација дојде до нов погодок во 40-та минута преку Чурлинов, но беше поништен од ВАР.
Противникот израмни во почетните минути од второто полувреме со погодокот на Торстеинсон, но тоа беше се што видовме од Исланѓаните вечерва. Потоа македонските фудбалери повторно презедоа иницијатива, која беше крунисана со уште еден погодок на феноменалниот Елиф Елмас во 65-та минута.
Нашиот противник стануваше се понервозен поради развојот на настаните на теренот, а во 79-та минута Јоханесон доби втор жолт картон и предвреме го заврши натпреварот.
Неполни 10 минути, Елмас повторно стапи на сцена и со нов погодок ја завери победата од 3-1 за голема радост на целата македонска јавност.