Прв протест во Австрија против локдаун на невакцинираните

by Fokus

По објавувањето на одлуката на австриската влада за воведување рестриктивни мерки и ограничување на движењето за невакцинираните граѓани, пред седиштето на Владата следеше протест на стотина демонстранти.

Според транспарентите „Незадолжителна вакцинација“, „Можеме без вакцини“, тоа беше протест против вакцините.

Инаку, допрва се очекува голем протест, бидејќи Слободарската партија на Австрија (ФПО) за во сабота закажа демонстрации против мерките за корона, на кој се очекува да има илјадници луѓе.

Поврзани новости