549
Претставниците на Македонија и Албанија одлучиле да не учествуваат на конференцијата на министрите за надворшени работи од земјите на Западен Балкан во Бања Лука. Причина за откажувањето е затоа што Косово не е вклучено во конференцијата, пишува приштинска „Коха“.
Министерот за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати, го информирал своојот колега од Босна и Херцеговина дека нема да присуствува на настанот, затоа што „организаторите не го почитуваат форматот на учеству на сите шест западнобалкански земји“.
И вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, го откажал своето учество од истите причини.