Геноцидот врз осум илјади цивили во Сребреница, земјава го осуди уште во 2010 година, кога со консензус во Собранието беше изгласана Декларација во Собранието во 2010 година за поддршка на Резолуцијата за Сребреница на Европскиот парламент.
Со донесувањето на декларацијата осуден е геноцидот во босанскиот град од 11. до 23 јули 1995 година. Со донесената Декларација, исто така се предвидува и одбележување на 11 јули – Денот за сеќавање на геноцидот во Сребреница со што ќе им се оддаде почит на жртвите од масакрот.
Ставот на земјава остнаува непроменет до денес, па затоа нејасни се критиките на сметка на Северна Македонија и министерот за надворешни работи Бујар Османи, откако тој најави дека земјава е е коспонзор, заедно со Германија, САД и други држави, на Резолуција во Обединетите Нации за прогласување на 11-ти јули како Меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница.
Најава на Османи наиде на осуда во медиумите, но и помеѓу политичарите во Србија, кои земјава ја оценија како дрска, бесрамна, неблагодарна и цинична. Помеѓу тие кои реагираа беа министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, како и поранешниот министер за одбрана, внатрешни работи и ексдиректор на српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин.
Не изостанаа и навредите во земјава, каде што пратеникот и претседател на Демократската партија на Србите, која е дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече дека се врши непријателство врз Србија и геноцидот во Сребреница го оцени како „некрофилски Дизниленд“.