Македонија ги дозна можните противници во баражот

by Fokus

Вечерва завршија квалификациите за Светското првенство во Катар и познати се сите учесници во баражот, последниот испит пред сигурен билет за Катар.

Вкупно 12 репрезентации ќе бидат поделени во три групи и ќе се игра по систем на елиминации. На ждрепка ќе се одредат полуфиналните двојки, а победниците од тие дуели ќе го одредат патникот на СП.

Португалија, Шкотска, Италија, Русија, Шведска и Велс се можните противници на Македонија во полуфиналето од баражот.

Фото – ФФМ

Поврзани новости