Конститутивна седница на новиот состав на Советот на Град Скопје

by fokus

Новиот Совет на Град Скопје денеска од 11 часот ќе одржи конститутивна седница во кино „Фросина“ во Младински културен центар.

На дневен ред се избор на претседател и членови на Комисијата за верификација, мандатни прашања, признанија, претставки и поплаки на Советот на Град Скопје, извештајот на Комисијата со верификација на мандатите на членовите и избор на претседател на Советот на Град Скопје.

Според резултатите кои Државната изборна комисија ги објави за Локалните избори 2021, шест политички партии и една независна кандидатска листа имаат освоено советнички места во новиот Совет на Град Скопје.

Најмногу советници има ВМРО-ДПМНЕ – 18, потоа следуваат СДСМ – 12, ДУИ – пет, Левица – четири и по две советнички места имаат Алијанса за Албанците и Алтернатива, ЛДП/ДОМ и Зелен хуман град.

Советот има 45 места, а за мнозинство се потребни 23 советнички места.

Поврзани новости