582
Македонија е повторно поробена земја, вазал, банана држава, неоколонијален феуд, а за тоа се исклучиво виновни дел од македонските политичари кои во изминативе 30 години ја трансформираа Македонија од слободна во поробена земја.
Ова го порача претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, во своето излагање на конференцијата „120 години од Илинденското востание“ што се одржа денеска во Крушево.
-Идентитетството не смее да се доведе во прашање. Нам насушно ни треба трет Илинден. Нам ни треба, јас сум длабоко уверен, расчистување со лажните државотворци – рече Коцарев.