Македонија е непобедлива, како први во групата одиме во втора фаза на ЕП

by fokus

Македонската ракометна репрезентација одигра уште еден фантастичен натпревар и со реми против европскиот шампион Германија како првопласирана селекција оди во втората фаза од првенството.

Мечот заврши со резултат 25-25. Стоилов имаше чист шут за победа на 12 секунди до крајот, но германскиот голман го одбрани ударот. Во последните 11 секунди, Германија имаше напад за победа, но Дејан Манасков ја спречи со фаул.

Македонија сега завршува прва во групата пред Германија, а во втората фаза во Вараждин ќе пренесе три бода.

Поврзани новости