Македонија е најевтина земја во Европа, поевтино само во Турција

by fokus

Најскапа земја во Европа е Исланд. Цените во таа земја, минатата година биле дури 56 отсто повисоки од европскиот просек, покажуваат последните податоци на Еуростат. Втора на листата е Швајцарија , а трета Норвешка.

За споредба, пијалок во исландски ресторан чини околу 17 евра, чаша вино околу 10, а пиво 7. Вечера за двајца пак е околу 85 евра, флаша вино во продавница е 17 евра, а пакет јајца е 5 евра.Сепак, просечната бруто плата на постојано вработени лица на Исланд е околу 4500 евра. Станарината на помал стан во Рејкавик е 1300 евра месечно.

Кога е во прашање регионот, пак најскапа е Хрватска, каде водата е околу 2,5 евра. Македонија е најевтина земја за живеачка. Земјава се наоѓа на претпоследното 36-то место на листата најскапи држави во Европа. Единствено поевтино од кај нас е во Турција.

Словенија се наоѓа на 19 место. Црна Гора е на 30 место, а Србија i БиХ се наоѓаaт на 34 место.

Поврзани новости