515
Според новиот Индекс на демократија на британски „Економист“, Македонија е оценета како режим и е на 95 место од вкупо 165 држави. Се вели дека состојбата со демократијата во Македонија е влошена и државата е хибриден режим.
Лани Македонија беше во групата на проблематични демократии, а годинава падна во хибридни режими кои се карактеризираат со нефер и проблематични избори, проблеми со владеењето на демократијата, притисоци од владеачките партии, непочитување на владеење на правото, притисоци врз новинари и судство, слаба политичка култура, корупција и слаб граѓански сектор.
Во групата хибридни режими, друштво на Македонија и прават Црна Гора, Украина, Грузија, Киргистан и Пакистан.