Македонија добива 160 милиони евра од пакетот на ЕУ за помош на соседни земји

by Фокус

Советот на ЕУ попладнево го одобри пакетот финансиска помош за десет соседни земји, меѓу кои и Северна Македонија, објави МИА.

Пакетот предвидува над три милијарди евра макрофинансиска помош за земјите од Западниот Балкан, плус Грузија, Јордан, Молдавија, Тунис и Украина.

Северна Македонија треба да добие 160 милиони евра помош, додека најголем износ е предвиден за Украина во износ од 1,2 милијарди евра.

Помошта ќе биде во облик на заеми под поволни услови за земјите да се справат со најитните последици од кризата со коронавирусот.

Поврзани новости