На 27-ми август во Кривогаштани за првпат ќе се одржи Фестивал на пиперката, за кој од општината планираат да стане традиционален.
Со богати забавни содржини, кулинарски специјалитети и настапи на познати музичари ќе се промовираат локалните производители на црвената пиперка и агро бизнисите.
Во делот на музичката програма најавени се настапи на Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд, Андријана Јаневска, Елена Велевска, Драган Темелковски – Џони, Рубин Благадуша, Кико и Тикса Бенд, како и диџеји.
Ќе се промовира локална храна, а ќе се одржи и запознавање на најмалите со патот на пиперката од фарма до трпеза.
Генерален спонзор на фестивалот е Кривогаштани промет, препознатлив по брендот Гурмано, а настанот е поддржан и од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Вики Клинчарова