„Македонија-Блокира“ ќе поднесе кривична против ДИК откако Филип Петровски не успеа да собере потписи

by fokus 09:45
09:45

Од движењето „Македонија-Блокира“ денеска ќе поднесат кривична пријава против Државната изборна комисија, откако нивниот кандидат за претседател, Филип Петровски, не успеа да го собере потребниот број потписи за претседателска кандидатура.

Кривична пријава ќе биде поднесена против членовите на Државната изборна комисија, службеници на ДИК во подрачните канцеларии и службеници во Дипломатско – конзуларните претставништва во странство.

- Advertisements -

Од движењето тврдат дека со сторени повеќе кривични дела ДИК свесно ја спречила кандидатурата на Петровски за претседател на Република Македонија.

Поврзани новости