Македонскиот претставник на Зимските олимписки игри во Пјонг Чанг, Јужна Кореја, Ставре Јада, го освои последното место во квалификациите за спринтерската трка со класичен стил.
Тој ја помина патеката за 4:23,85 минути, односно последен од 79 – те учесници. Првопласиран е финецот Хакола Ристомати. Јада беше знаменосецот на отворањето на ЗОИ на деветти февруари. Ова беше негов прв настап на игрите.
Покрај Јада, уште двајца олимпијци од нашата земја се дел од 23 – те ЗОИ. Тоа се Антонио Ристевски во алпско скијање слалом и велеслалом, и Викторија Тодоровска во крос – кантри дисциплина на 10 километри.
На Ристевски велеслаломот му е закажан за 18 февруари, а слалоломот за 22 февруари. Тодоровска настапува на 15 февруари, а Јада на 16 февруари на 15 километри слободно.
В.К.