Пендаровски: Нема друга алтернатива за влез во НАТО освен решавање на спорот со името

by fokus

Координаторот за интегрирање на Македонија во НАТО Стево Пендаровски вели дека нема друга алтернатива за интегрирање на Македонија во НАТО, освен да се постигне договор со Грција за спорот со името.

– Колку и да е тешко планот 3-6-9 мора да се реализира. Нашиот план е тоа да се заврши пред следниот самит на НАТО, зборувам за овој дел мимо името. Сите други работи мора да бидат завршени и да остане само прашањето за името. Знаете дека денеска продолжува следна рунда разговори во Виена и ќе видиме како тоа ќе се одвива – рече Пендаровски.

Како што рече Пендаровски реализирањето на Планот 3-6-9 е еден од условите за членство во Алијансата.

Минатата власт, смета тој, во текот на изминатите години ја вратила Македонија назад во врска со ова прашање.

– Во 2008 година ние имавме исполнето се, сите воено-технички и политички услови, освен прашањето со името. Во меѓувреме, ни натоварија уште три или четири услови – справување со партизирани институциии, нема независно судство, нема слобода на медиуми – рече Пендаровски кој денеска во Тетово одржа предавање на тема интегрирање на земјата во НАТО.

Новата Влада, вели, ги адресирала сите проблеми и со силно темпо работи на нивно решавање.

 

Поврзани новости