Младата жена која била застрелана на наплатната рампа во Прешево, синоќа била примена на Итната помош во болницата во Врање, пренесуваат српските медиуми.
Според информациите, 38-годишната жена е во тешка состојба. „Новости“ пишува дека станува збор за помлада жена од територијата на Србија, а во неа пукал постар маж со државјанство од Северна Македонија.
Како што се наведува, двајцата биле во „ауди“ со македонски регистарски таблички. Во еден момент сопатничката излегла од автомобилот и почнала да бега. Мажот излегол по неа испукал неколку куршуми и ја ранил, а потоа се одалечил од местото на настанот. Набрзо се вратил и си пукал во глава.
Тој им подлегнал на повредите, а на пукањето и претходела расправија. Мотивите за обидот за убиство и самоубиство не се познати.
Лекарите во Врање се борат за животот на жената.