418
Полицијата во Пожаревац, Србија, уапси 29-годишен државјанин на Северна Македонија за поседување нелегално оружје и загрозување на сигурноста.
Како што соопштуваат српските медиуми 29-годишниот П.С. е уапсен откако предизвикал врева пред куќата на 57-годишна жена, шутирајќи ја влезата врата и барајќи да го види нејзиниот сопруг.
По апсењето полицијата кај П.С. нашла два пиштоли, додека при претрес на неговиот стан во Пожаревац пронајдени се еден пиштол и повеќе парчиња муниција.
На осомничениот му е одреден притвор од 30 дена.