Битолската полиција во „лов“ на несовесни возачи

by fokus

Полицијата од Битола вчера спровела акција кон несовесни возачи и констатирала неколку сообраќајни прекршоци, велат од МВР.

„Полициски службеници од СВР Битола на 16.09.2019 извршиле контрола за брзина, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство на минување. Притоа, констатирано е дека четири возачи управувале возило без возачка дозвола, пет возила биле нерегистрирани, брзината ја надминале 21 возач, а двајца возачи не користеле сигурносен појас“, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Поврзани новости