Македонец уапсен за обид за убиство во Украина

by fokus

Македонец, Србин и Црногорец се уапсени и идентификувани од украинските власти за обидот за убиство на Радое Звицер, наводен водач на т.н. кавачки криминален клан.

Украинските медиуми пренесуваат дека две непознати лица синоќа пукале во Звицер во близина на елитен станбен комплекс во Киев.

„Главните причини за обидот за атентат се криминални активности на жртвата, можна прераспределба во самата криминална организација, но и меѓу балканските криминални кланови кои ја контролираат трговијата со дрога“, изјави Игор Клинеко, шеф на националната полиција во Украина.

По обидот за убиство, додаде тој, полицијата тргна во потрага по напаѓачите кои се обиделе да побегнат од земјата, а во еден момент се обиделе да го запалат и автомобилот со кои се превезувале.

„Бидејќи напаѓачите биле вооружени, во акцијата беа вклучени специјалните сили. Утрово се приведени четири лица кои давале отпор при апсењењето“, рече Клименко.

Првичната истрага на украинските власти утврдила дека осомничени пристигнале во земјата на почетокот на мај, организирале надзор на жртвата и долг период ја следеле метата.

Според укранските медиуми и полиција, кон Звицер биле испукани пет куршуми кои предизвикани прострелни рани во пределот на стомакот. Тој синоќа бил опериран во Киев и се наоѓа во животна опасност. Радое Звицер, како што наведуваат и регионалните медиуми, со години не живее во Црна Гора, иако важи за лидер на една од најмоќните криминални групи во овој дел на Европа.

Поврзани новости