Македонец поврзан со Исламска држава уапсен во Тирана

by Фокус

Mакедонскиот државјанин со иницијали И.А. од Гостивар на 46 годишна возраст, баран со меѓународна потерница поради сомнеж за поврзаност со „Исламска држава“, е уапсен во Тирана.

Потерницата била распишана пред една година, но тој нашол засолниште во Тирана, каде е уапсен од припадниците на секторот за антитероризам, објави тиранската телевизија Ора њус.

Се наведува дека тој пред една година успеал да избегне апсење во Македонија и од тогаш најверојатно се крие во главниот град на Македонија.

Поврзани новости