445
Кошаркарската легенда – Мајкл Џордан е првиот спортист кој се најде на листата на Форбс 400 – ранг листа, која ги вклучува најбогатите луѓе во САД.
Популарниот М-џеј неодамна го продаде својот удел во Шарлот, а неговото богатство се проценува на 3 милијарди долари.
Во текот на 15 сезони во НБА лигата, Џордан заработи 94 милиони долари и беше најплатен играч во лигата во 1997 и 1998 година.
Сепак, главната заработка на Џордан доаѓа од неговите активности надвор од теренот, работејќи со брендови како Мекдоналдс, Гаторејд, Ханес и Најк.