4.2K
Мајките на деца до шестгодишна возраст и оние кои се на породилно отсуство попладнево излегоа на протест пред Владата по одлуката да им се прекине породилното отсуство и да се вратат на своите работни места.
Тие бараат да се поништи одлуката на владата со која што на 23-ти септември тие ќе треба да се вратат на работа, но исто така бараат породилното отсуство да биде продолжено до крајот на годината. Велат дека во градинките нема место и воопшто не можат да ги запишат нивните деца.
Досега петицијата ја потпишале 3325 мајки.
Како симбол на незадоволството оставија празни бебешки шишиња пред зградата на Владата, јавува Сител.