Мајката на Тамара ќе биде предложена за сведок во случајот против нејзиниот татко

by Fokus

Судењето за дедото на Тамара, Љупчо Стојановски, кој пукаше во поранешниот министер за здравство Никола Тодоров се одложи бидејќи Апелациониот суд ја прифатил жалбата на обвинителството, откако претходно Судскиот совет го отфрли вештачењето на обвинетиот по барање на неговата адвокатка, која реагираше дека лиценците на вештаците се истечени.

Поради тоа, сега судот мора да провери во Министерство за правда дали се валидни лиценците.

Во изјава за новинарите, адвокатката на Стојановски истакна дека во случајот како сведок ќе биде предложена и мајката на починатата Тамара Димовска, која денеска беше присутна во судот.

Во судот, исто така беше и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров.

Наредното рочиште е закажано за 14 февруари.

Внуката на обвинетиот Стојановски, Тамара, почина додека чекаше операција во странство.

В.В.

Поврзани новости