Мајката на малиот Алмир: Тој не знаеше што се Македоници, а што Албанци, тоа беше дете што си играше со сите

by Fokus

Пред присутните на протестот за смртта на малиот Алмир се обрати и неговата мајка, која нагласи дека не е таму само за Алмир, туку за сите деца. Таа држеше говор на албански јазик.

„На едно четиригодишно дете му ги одземаа сите права за живот. Алмир не знаеше што се Македонци, а што Албанци. Тоа беше едно дете што си играше со сите. Овде сум за сите загрозени деца од тој, кој е на слобода. Мојот Алмир нема да се врати, но вашите деца мора да живеат на слобода. На обвинителката и кажав дека немам потреба од нејзината милост. Ти го уби по вторпат, но правдата еден ден ќе дојде – рече мајката на Алмир.

М.В.

 

Поврзани новости