ФОТО Играчките завршија на владината ограда

by fokus

На протестот за малиот Алмир денеска пред Владата, дел од демонстрантите дојдоа со играчки и балони во рацете. Тие завршија на владината ограда на крајот на протестот.

Демонстрантите, кои со сочувствуваат со смртта на Алмир, ги ставија играчките меѓу решетките од оградата, со цел, како што велат, да укажат на отсуството на на малото момче кое трагично го изгуби својот живот.

Дел од демонстратнтие се качија на оградата за да го закачат албанското знаме на неколку места, но се откажаа. Сликата на обвинителот Љубомир Јовески, со црвена мета на челото, ја закачија на самиот влез од оградата.

Поврзани новости