430
Вчера во 17:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје е пријавено дека на улицата „Свети Кирил и Методиј“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир со тепачка.
Прво дошло до физичка пресметка меѓу Ф.С. (42), неговата сопруга А.С. (39) и нивниот син 17 годишен син, сите од Скопје. Според пријавеното, на местото на настанот се затекнал Д.М. (47) од Гостивар и тој се обидел да ги раздвои, по што Ф.С. и неговиот син физички го нападнале.
Лицата се приведени во Полициската станица Центар и по целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.