И го скинал ланчето од врат, па го продал во златара во Чаршија

by fokus

Секторот за внатрешни  работи Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј.(22) од Скопје поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело -“тешка  кражба  на  дрзок  начин“.

Имено, на 07-ми овој месец околу 15 часот пријавениот на автобуската постојка на ЈСП на улицата „Александар Урдаревски“, во населбата Бутел, ја забележал оштетената која чекала автобуски превоз. Во еден момент од зад грб и се приближил и со употреба на физичка сила насилно и го скинал златното ланче кое го носела околу вратот, по што со трчање се дал во бегство во правец  кон улицата „Хо Ши Мин“.

По извршеното кривично дело пријавениот украденото златно ланче, за сума од  120  евра, го  продал во златара лоцирана во Стара Скопска Чаршија.

Поврзани новости